Sunday, October 01, 2006

Почеток на школска година 2006/2007


Почитувани студенти /тки,

По повод почетокот на Новата учебна година би сакал да Ви посакам успех во студиите и да објавам новости (ако може така да се наречат) на Катедрата ПиТ

1. Распоредот како и минатата година ќе биде ставен на блогот за достапен за download.

2. Проф. Лилјана Митковска не е повеќе вработена на Катедрата за ПиТ. Иако знам дека многу мислења околу неа беа поделени, само ќе напоменам дека нејзиното заминување ќе остави огромна празнина во знаењата на идните студенти по Англиски јазик на Катедрата.
Лично, би сакам да и се заблагодарам за високата професионалност со која ги извршуваше своите задачи и за високиот професионален однос со мене (вистинска реткост на ПиТ!!!).
Многу успех во понатамошната професионална кариера и уште многу незадоволни мрзливи студенти кои ќе имаат можност да научат многу од оваа ретко студиозна професорка.
Лилјана,
We miss you very much (Dimitar:(
but please dont come back (студенти:)

3. Посетувајте го почесто блогот оваа година зошто веќе има нови работи кои досега ги немаше. Најбитно од се ми се чини дека ќе бидат линковите за стипендии кои годинава ќе бидат постирани истиот ден кога се добиени информациите. Терминолошките речници и енциклопедии нема да изостанат.

4. Оставете коментар ако сте задоволни. Блогот на ден 01.10.2006 има 990 посети (наскоро 1000) и само 5 коментари што доволно зборува за неговата актуелност и важност а премалку за негова идна содржина и работите кои се од Ваш интерес. Напишете што сакате да има за download на блогот, кои стипендии или речници Ве интересираат. Работата на блогот не зависи само од мене, туку и од корисниците кои имаат потреба од него.

2 comments:

Lazy_Eye said...

Друже, секоја ти чест за постов.
И јас лично не сум којзнае колку голем фан (ако може така да се каже) на Л. Митковска, но сепак таа ја заслужува почитта да биде соодветно испратена. Таа навистина има (веќе, на почетокот немаше) знаење и ако не беше таа - тешко да некој ќе прочиташе книга-две на англиски. И да, навистина професионално си ја извршуваше својата должност.
А за отсуството на SS - на некој начин тоа и се очекува од „високо професионална“ личност како неа.

Dimitar said...

Така е баце да м'извинеш! K-15
:Dim itar